
Шпанскиот актер Антонио Бандарас објави дека е позитивен на ковид-19.
„Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот. Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро. Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот”, напиша тој на Твитер.
Бандерас планира да чита, да пишува, да се одмори и да прави планови додека е во самоизолација.
Актерот лани доби награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал за улогата во „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, а имаше и номинација за Оскар.