Накратко прекинат пресот на Трамп поради пукање крај Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ноќта кон вторникот по средноевропско време небнадејно беше изнесен од просторијата во Белата куќа во која се одржуваше прес-конференција, а поради пукање кое се случило надвор од ограда на резиденцијалниот комплекс.

По неколку минути Трамп се врати во салата со новинарите и рече дека полицајците застрелале лице, според неговите сознанија вооружени, кое е пренесено во болница. Како што извести Трамп, станува збор за пукање надвор од Белата куќа во кое нема други настрадани.

„Се чини дека сѐ е под контрола… Но се случи вистинско пукање, а некој е однесен во болница. Не знам во каква состојба е тоа лица“, изјави Трамп фалејќи ја реакцијата на припадниците на Тајната служба, коај подоцна најави повеќе поединости за инцидентот.

Во текот на пре-конференцијата на Трамп му пријде припадник на Тајната служба и го запрашал да излезат од просторијата одредена за новинарите. Трамп подоцна за новинарите откри дека бил одведен во Овалната канцеларија, а по процената на агентите, потоа продолжи со обраќањето за медиумите.