
Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски одлучи дел од летниот одмор пред почетокот на новата сезона и подготовките за неа да го помине во Охрид.
Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.
Кулушевски минатата сезона ја помина во Парма а Јувентус го купи за 40 милиони евра.