Во разговорите водени во четвртокот во Љубљана меѓу словенечкиот државн врв со американската делегација предводена од државниот секретар Мајк Помпео, се разговарало за нуклеарната централа Кршко, како и за терминалот за течен природен гас (LNG) на Крк, потврди во петокот на слвенечката телевизија министерот за инфраструктура Јернеј Вртовец.
„На Словенија ѝ е потребно сигурно снабдување со гас и затоа го поддржува гасниот терминал за LNG на Крк, а ако сака да биде енергетски незавнисна потребен ѝ е втор блок на нуклеарната централа Кршко“, изјави Вртовец.
Министерот заедно со поретставници на повеќе словенечки енергетски компании со членовите на американската делегација разговарал за продлабочување на соработката со САД во оваа област, во рамките на зајакнување на сигурноста на набавката и диверзификацијата на изворите на енергија.
„Разговаравме за теми од стратешки интерес за Словенија и САД како сојузници“, рече Вртовец, додавајќи дека станало збор за електричната енергија во врска со планираното градење на вториот блок од нуклеарната централа во Кршко, како и за течниот гас кој Словенија би можела да го добива од терминалот на хрватскио Крк.
„Кога станува збор за гасот, Словенија се разбира има интерес за терминалот на Крк. Важно е, кога станува збор за гасот и другите извори на енергија, набавката да биде сигурна, значи да не бидеме зависни само од една држава“, истакна Вртовец.
На забелешката на новинарот дека гасот од LNG терминалот ќе бида далеку поскап од они кој од Русија го добива Словенија од „Газпром“, Вртовец рече дека за тоа не разговарал со делегацијата од САД, но дека покрај конкурентноста на цените секако важен елемент е и диверзификацијата на изворите на набавката за да се обезбеди енергетска независност. Словенија е, имено, една од ретките земји членки на Европската унија која има добри односи и редовни контакти со Русија, и се смета дека ужива и пониски цени за гасот.
Во однос на разговорите во сферата на енергетијата, Вртовец рече дека нуклеарката Кршко е градена со западна технологија („(Westinghouse“), па соработката со САД во таа смисла и натаму е дора, но дека Словенија во секој случај има потреба и од втор блок во Кршко, откако ќе истече векот на сегашната централа.
„Технологијата на Westinghouse е сигурна и стабилна, тоа е пример на добра практика, тоа е сугирно една од можностите како и сите други“, рече Вртовец.
Претходно пред посетата во средата американскиот државен секретар Мајк Помпео на Чешка, во рамките на истата куса централноевропска турнеја чија цел е одвраќање од соработката во енергетиката и инфраструктурата со Русија и Кина, чешките медиуми не ја исклучија можноста државниот секретар да го искористи престојот да лобира во интерес на американската компанија „Westinghouse“ пред претстојниот тендер за изградба на а на нов енергетски блок во нуклеарата „Дуковани“.
Вртовец потврди дека во Словенија се прават чекори кон планираното градење на вториот блок во Кршко, за што дефинитивна одлука, како во однос на финансиите така и во однос на технологијата, сѐ уште не е донесена.
„Нѐ учекува уште многу работа пред да ја донесеме конечната одлука. Во прв ред треба да го решиме прашањето на местото на одложување на среднорадиоактивниот отпад на локацијата Врбина кај Кршко. Чекаме еколошка дозвола да почнеме да градиме депонија, а кога ќе го завршиме тоа, ќе донесеме одлука за вториот блок“, рече словенечкиот министер.
„Оваа влада на листата на стратешките објекти го стави и вториот блок во Кршко. Значи, ако сакаме да бидеме независни во поглед на набавката на електричната енергија, тогаш во Кршко секако ни е потребен втор блок“, рече Вртовец.