Хамилтон доминантен на патеката Каталуња

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Британецот Луис Хамитлон од тимот на Мерцедес, четврта година по ред победи на трката за Големата награда на Шпанија, која се возеше во неделата на патеката „Каталуња“ крај Барселона, а до неа стаса на доминантен начин.

Хамилтон до својата 88-ма победа во кариерата стаса на импресивен начин со водство од првиот до последниот метар и со предност од речис половина минута пред второпласираниот Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, додека трет низ целната рамнина мина Финецот Валтери Ботас од Мерцедес, кој заостана 45 секунди зад својот клупски колега.

Ботас повторно лошо стартуваше, додека Встапен до второто место стаса првенството поради добриот старт кога од четвртото се проби на второто место.

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, поради проблеми со моторот на неговиот болид не успеа да ја заврши трката, и беше единствениот кој денеска не ја мина целта во Шпанија.

За Хамилтон ова беше севкупно 156-то искачување на победничкиот подиум во кариерата, со што го надмина рекордот на Германиецот Михаел Шумахер со 155 подиуми. А со 88-та победа Британецот уште повеќе се доближи до рекордот на Германецот кој забележа 91 триумф во кариерата. Покрај тоа, Хамилтон на патеката „Каталуња“ ја забележа четвртата последователна победа а петта вкупно.

Во генералниот пласман за возачите Хамилтон води со 132 бодови, а го следеат Верстапен со 95 и Ботас со 89 бодови.

Следната фаза од првенството во Формула 1 ќе се одвива во Белгија од 28-ми до 30-ти август.