
Новиот коронавирус SARS-CoV-2 веројатно се прилагодил на човечкиот организам уште во 2012 година, пишува британскиот весник The Sun, цитирајќи ги вирологот Џонатан Летам и биологот Алисон Вилсон.
Истражувачите, кои работат на непрофитен проект за биохумани ресурс на Итака, откриле медицинска евиденција на лекарот Ли Ксу кој пред осум години лекувал рудари во кинеската провинција Јунан, коишто две седмици го чистеле рударското окно од изметот на лилјаци.
Симптомите кои тогаш ги регистрирал и опишал лекарот кај пациентите се идентични со сиптомите кои сега се карактеристичнни за Covid-19: пневмонија, суво кашлање, болки во екстремитетите и висока температура. Покрај тоа, било потребно пациентите да бидат подложени на кислородна поддршка, а тројца од шест работници починале.
Примероците за анализа од рударите биле испратени во лабораторијата во Вухан, каде што по неколку тестирање на веќе познати патогени со слични сиптоми било утврдено дека тие биле заразени со коронавирус кој е сличен на SARS кој ја предизвикува атипичната пневмонија.
Исто така, и тогаш научниците сметале дека вирусот потекнува од лилјаците. Поради тоа, како што истакнуваат двајцата научници, постои причина да се верува дека Covid-19 веќе бил адаптиран на човечкиот организам, како и дека тој „побегнал“ од лабораторијата во Вухан.
Во текот на изминатите месеци, од почетокот на избувнувањето на пандемијата на SARS-CoV-2 токму од Вухан, научниците изнесуваат мноштво различни верзии за појавата и потеклото на новиот сој коронавирус. Притоа Светската здравствена организација (СЗО – WHO) истакнува дека оваа коронаинфекција сѐ уште не е добро изучена за да се извлечат недовсмислени заклучоци. Експертите ширум светот, во меѓувреме, продолжуваат со истражувањата доаѓајќи повремено и до крајно спротиставени изводи.