
Времето во понеделник во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната температура ќе достигне од 24 до 31 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура е 18 степени, а дневната температура до 31 степени.
Во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.