
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија континуирано се одвива работниот процес и во услови предизвикани од пандемијата со Kовид-19.
Во периодот од крај на март, до денес се изведени над 500 хируршки интервенции, а амбулантски се прегледани повеќе од 2000 пациенти.
„На клиниката, во моментот, нема листи на чекање за третман на пациентите со малигни болести. На оваа клиника се лекуваат и пациенти со повреди на дланка, мекоткивни и термички повреди, состојби кога е потребен итен хируршки третман и тие се третираат на клиника како пред пандемијата, така и сега за време на Kовид-19“, велат од клиниката.