Неполни 24 часа по соопштението на Барселона дека го отпушта Кике Сетиен, ова попладне пристигна и една доста неочекувана информација, бидеќи 20 часа откако му беше изгласана доверба, сепак Ерик Абидал го напушти директорското место во клубот.
Како технички секретар, Абидал на крајот понесе дел од одговорноста за лошите потези на трансфер пазарот и стигна информација дека двете страни сепак одлучиле да се разделат за доброто на клубот, кој дефинитивно мора да фати друг правец по историската бламажа во Лигата на шампионите.
Роналд Куман се очекува во наредните неколку часа да биде претставен како наследник на Сетиен, а доказ за тоа е и видеото на кое се гледа како легендата на Барслеона пристигна на „Ел Прат“ аеродромот во споменатиот град со приватен лет.