
Бројот на загинатите како последица од невремето што ги зафати централните и јужни области на САД, достигна девет лица, соопштуваат локалните медиуми.
Во државата Мичиген и регионот Нова Англија поради снежните врнежи без струја останаа 440.000 домаќинства.
Сообраќајот областите погодените од невремето е запрен поради лизгави патишта. Нема откажани летови, за разлика од ситуацијата во саботата, кога повеќе од 700 летови беа откажани, а над 11.000 беа одложени.