Само десет дена до првото септемвриско ѕвонче во училиштата, а се уште надвиснува прашањето како ќе се одвива наставата кај средношколците.
-Сојузот веќе од ран август се залага комбинираниот дел на настава, односно дел од паралелката и дел од учениците да ја следат он-лајн наставата, а останата поливина да ја следи физички. Не само што задоцнија туку заспаа, МОН си отиде на летен одмор, колективен, не направија ништо, имаа време од март, значи веќе шест месеци можеа да направат нешто и во поглед на онлајн наставата што ја оставија да биде катастрофа, изјава Лука Павиќевиќ – претставник на сојузот на средношколци.
Павиќевиќ вели дека сојузот постајно пишувал реакции, протоколи, предлог мерки, а спремиле и голема документација, но министерството како што вели не одговорило на нивниот труд. Тој додаде дека комбинираниот систем кој го предлагаат е флексибилен, а доколку МОН продолжи да не го почитува нивниот глас тие најавуваат бојкот на наставата и протести.
-Каде што има можности нека биде физикчки, каде што нема можности нека биде он-лајн, каде што може нека се поделат паралелките, тоа е најдобриот децентрализиран систем, секое училиште и секоја општина сама да си одлучува.Во сабота имаме генерално собрание и ќе разговараме за повеќе предлог решенија за оваа ситуација. Ако МОН продолжи да не го почитува гласот на средношколците, верувам дека собранието ќе донесе одлука да се започне со бојкот на он-лајн наставата и протести, изјава Лука Павиќевиќ – претставник на сојузот на средношколци.
Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Министерството за образование и да ги претстави барањата на средношколскиот сојуз, но од таму велат дека во моментов е фаза на формирање на владата и дека не би можеле да даваат никакви коментари додека не се утврдат министерските позиции.