10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Нови 55 заразени со коронавирусот во Црна Гора , едно лице почина

Од почетокот на пандемијата во Црна Гора, коронавирусот ги однесе животите на 81 жител на таа земја со малку повеќе од 600 илјади жители, додека денеска, според официјалните податоци, најмалку уште 13 пациенти се во животна опасност.

Во последните 24 часа државата регистрира 55 нови случаи на инфекција и едно починато лице.

„Четири пациенти кои се лекуваат во Клиничкиот центар на Црна Гора се во животна опасност“, се вели во соопштението на здравствената установа, додека општата болница Беране објави дека „од вкупно 34 хоспитализирани пациенти, девет имаат тешка клиничка слика“.