Наодите на три лаборатории не откриваат знаци на труење на Навални

Независнисте истражувања спроведени во три лаборатории не откриле никакви знаци на труење кај Алексеј Навални, објави во петокот вечерта за новинарите Александар Мураховски, главниот лекар на болницата во Омск, во која од четвртокот е хоспитализиран еден од најжестоките критичари на Кремљ во Русија.

„Сите анализи на биоматеријалите извршени во три различни лаборатории не покажаа знаци на труење“, рекол Мураховски.

„При анализата на крвта и урината, исто така, не се пронајдени траги на индустирското хемиско соединение ‘2-етилхексил дифенил фосфат’, од кои честички беа пронајдени на рацете на пациентот, односно исто така е исклучена интоксикација со оваа супстанција“, потврдил за новинарите Мураховски.

Претходно во петокот тој соопшти дека испитувањата на биоматеријалите земени од Навални се изведуваат во три независни лабораатории, на „оксибутирати, барбитурати, стрихнин, конвулзивни или синтетички отрови“.

Мураховски додаде дека паралелно биле испитувани и површинските измивање од облеката и рацете на Навални на хромотограф во Транспортната полиција, во кои биле најдено траги од супстанцијата „2-етилексил дифенил фосфат“ која е „обична иднустриска хемија“. А токму оваа информација приврзаниците на Навални ја употребуваа како аргумент дека тој е отруен.

Неговата портпаролка Кира Јармиш, која во четвртокот го придружувала на летот од Томск до Москва, на кој му се слошило поради што авионот итно слетал во Омск и Навални беше хоспитализиран во бесознание во болница, изјави дека опозицискиот активист пред летот само се напил чај во кафетеријата на томскиот аеродром а не јадел и не пиел ништо друго. Очевидци од истиот лет за руските медиуми изјавија дека Навални се упатил кон задниот дел од авионот, потоа се вратил на своето место и со крици се жалел дека се чувстува многу лошо.

Ненадејното влошување на здравствената состојба кај 44-годишниот Алексеј Навални, веројатно е резултат на метаболичко нарушување, изјави претходно во петокот Александр Мураховски, началник на ургентната клиника во Омск во која е хоспитализиран рускиот блогер. Според него „во прашање е метаболичко нарушување на балансот на јаглено-хидрати што може да се јави како последица на ненадеен пад на нивото на шеќерот во крвта“.

Претходно во петокот утрото заменикот главен лекар во клиниката во Омск, Анатолиј Клиниченко, за новинарите соопшти дека истражувањата кои веќе биле спроведени не откриле никакви траги од отров во крвта или урината на Навални.

Мураховски претходно додаде дека на облеката и прстите на Навални се најдени траги од индустриска хемиска супстанција. Според главниот лекар на болницата во Омск во која беше хоспитализиран Навални откако ненадејно му се слошило по полетувањето од Томск, супстанцијата пронајдена со површинското измивање е идентификувана како „2-етилхексил-дифенил-фосфат“ и не е отров или токсична супстанција.

Супстанцијата којашто е пронајдна на рацете и облеката на Алексеј Навални се користи за прицврстување ленти или за обвивка за сувомесни прозиводи, и за да биде отруен мора да има огромна концентрација од неа, изјави за агенцијата РИА шефот на одделот за клиничка токсикологија при Научниот институт за итна помош и реанимација, Алексеј Лодјагин.

„Станува збор за пластификатор кој се користи за прицврстување, за обвивки на месни производи, а исто така како и компонента за незапалливи течности во авионите. Се однесува на органофосфати, антипиретици и пластификатори… Сосема е можно дека тој или држел залепена лента во рацете или консумирал претходно некој колбас кој бил во таков омот“, рекол Лодјагин.

На прашањето дали е возможно сериозно труење од оваа супстанција, стручњакот рекол дека за тоа „мора да има достаточно добра доза во милиграми на килограм“ тежина. „Дозите би требало да бидат големи за да се добие токсичен ефект“, додал Лодјагин.