Авион на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ , во кој се наоѓале повеќе од 180 патници, удрил со крилото во зградата на аеродромот во Јоханесбург, Јужна Африка , пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Еден од нашите авиони е оштетен за време на слетувањето на аеродромот во Јоханесбург. Сите 182-ца патници го напуштиле веднаш се евакуирани од авионот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Нема податоци за евентуални жртви. Според податоците на локалните медиуми, се работи за авион од типот „Боинг 747“.