(ВИДЕО) Навални префрлен во Германија на лекување

Рускиот опозициски активност 44-годишниот Алексеј Навални во саботата е префрлен со авион од руски Омск во германската престолнина Берлин каде треба да продолжи неговиот третман, објави неговата портпаролка Крира Јармиш.

Цел конвој од неколку возила на итната помош со полициска придружба и возило на противпожарната служба го пренесува Навални во берлинската болница. Германските лекари соопштија пред летот дека тој се наоѓа во стабилна состојба, а неговото семејство вети дека подоцна во текот на денот ќе се огласи за јавноста.

Германскиот весник Bild преенсува дека пред болницата „Шарите“ се собрани голем број новинари, но полицијата не дозволува тие да влезат во централниот дел на клиниката до објектот за ургентна медицина.

Портпаролката на болницата соопшти дека лекарите ја дијагностицираат состојбата на Навални. „Шарите потврдува дека Алексеј Навални беше примен на лекување. Во моментов се спроведува широк спектар на медицинска дијагностика“, изјави таа.

Според клиниката, „по добивањето на наодите и договор со семејството, лекарите ќе дадат изјава за болеста и натамошните мерки за лекување“, веднаш штом ќе добијат соодветни информации за состојбата на пациентот.

Навали, чиј рејтинг како опозиционер падна од почетокот на минатата деценија но како антикорупциски блогер на Западот е доживуван како водечки противник на Кремљ, во четвртокот утрото беше примен во болница во сибирскиот град Омск, откако на летот од Томкс за Москва му се слошило. Неговата фамилина и политички сомисленици тврдат дека наводно е отруен.

Воздухопловната компанија „S7“ соопшти дека Навални во текот на летот не консумирал ниту храна, ниту пијалаци, а Јармиш потврди дека пред летот во кафетеријата на аеродромот во Томск испил само црн чај.

Независнисте истражувања спроведени во три лаборатории, пак, не откриле никакви знаци на труење кај Алексеј Навални, објави во петокот вечерта за новинарите Александар Мураховски, главниот лекар на болницата во Омск.

„Сите анализи на биоматеријалите извршени во три различни лаборатории не покажаа знаци на труење. При анализата на крвта и урината, исто така, не се пронајдени траги на индустирското хемиско соединение ‘2-етилхексил дифенил фосфат’, од кои честички беа пронајдени на рацете на пациентот, односно исто така е исклучена интоксикација со оваа супстанција“, потврдил за новинарите Мураховски.

Претходно во петокот тој соопшти дека испитувањата на биоматеријалите земени од Навални се изведуваат во три независни лабораатории, на „оксибутирати, барбитурати, стрихнин, конвулзивни или синтетички отрови“.

Мураховски додаде дека паралелно биле испитувани и површинските измивање од облеката и рацете на Навални на хромотограф во Транспортната полиција, во кои биле најдено траги од супстанцијата „2-етилексил дифенил фосфат“ која е „обична иднустриска хемија“. А токму оваа информација приврзаниците на Навални ја употребуваа како аргумент дека тој е отруен.

Според руските лекари, ненадејното влошување на здравствената состојба кај Навални, веројатно е резултат на метаболичко нарушување, односно дека кај него „во прашање е метаболичко нарушување на балансот на јаглено-хидрати што може да се јави како последица на ненадеен пад на нивото на шеќерот во крвта“. А бидејќи нападот се случил во текот на летот, медицинските специјалисти во Омск првично се противеа на неговиот транспорт во Берлин, поради промената на притисокот при полетувањето. Но подоцна на инсистирање на семејството и потврдата на германските специјалисти за медицински транспорт се согласија тој да биде пренесен во берлинската болница „Шарите“.

Навални со летот околу 10,30 часот по македонско беше пренесен во болницата на хуманитарната организација „Каритас“ во Берлин, каде пред него се лекуваше ушет еден руски опозиционер Пјотр Верзилов, кој го транспортираше истото невладини здружение Cinema for Peace.