Бројот на заразените со новиот коронавирус во Грција во последните 24 часа изнесува 284, што е максимален раст на дневно ниво од почетокот на епидемијата во земјата, а регистрирани се уште два смртни случаи, објави во неделата на својата интернет страница министерството за здравство.
„Вкупниот број заразени со коронавирусот изнесува 8.644 лица. Во текот на изминатото деноноќие се зголеми за 284, а од нив 11 случаи се откриени на влез во земјата. Во изминатите 24 часа, починаа две лица. Вкупниот број смртни случаи поради коронавирусот во земјата (од почеокот на епидемијата) достигна 242. Просечната возраст на починатите е 77 години“, се наведува во соопштението.
Во моментов на одделите за интензивна нега во грчките болници има 31 пацеинт, додека поради подобрената здравствена состојба од интензивна нега во редовните стационари се префлени 143 пациенти.
Во последниот период во Грција значително расте бројот на случаите на зарази со коронавирусот. Само во текот на изминатите 25 дена потврдени се вкупно 4.460 случаи на коронаинфекции, односно речиси половина од сите зарази во изминатите шест месеци од почетокот на пандемијата.
Според здравствените власти, сѐ почесто се регистрираат случаи на заразаување во дискотеките и масовните забави на кои се собираат голем број млади луѓе. Како што изјави министерот за здравство Василис Кикилијас за телевизијата Skai, просечната возраст на заразените со коронавирусот во Грција сега се спуштила на 36 години.