(ФОТО) Најмалку пет жртви во поплавите во Турција, се трага по десетина исчезнати

Во поплавите кои го зафатија црноморскиот регион на северот од Турција, загинале најмалку пет лица а уште 12 се повредени, додека сѐ уште се трага по 12 исчезнати луѓе, потврди во неделата вечерта турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Поплавите и пороите предизвикани од невообичаено обилните дождови носеле возила и разни предмети и делови од објекtи по улиците и патиштата, оставајќи ги луѓето заробени во калта, според снимките од провинцијата Гиресун.

„Според првите извештаи кои ги промивме, има петмина мртви и околу 12 повредени во големите поплави. Со Божјата волја, брзо ќе ја санираме штетата“, рече Ердоган во Истанбул и додаде дека поплавите се прошириле и на соседните провинции.

Досега се спасени 153 лица, а околу илјада спасувачи и хуманитарни работници помагаат во потрагата по исчезнатите, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Солју. Неговиот колега за животна средина Мурат Курум, изјави дека се урнати 17 згради, а оштетен е уште 361 објект.

Министерот Сојлу, кој пристигна во погодениот регион, потврди дека меѓу петте жртви е и припадник на жандармеријата, како и дека уште пет негови колеги се водат како исчезнати.