
Сојузот на средношколци информираше дека за понеделник, 31 август, го одложува протестот што го најави за петок затоа што 28 август е неработен ден пореди верскиот празник Голема Богородица.
Како што велат оттаму, протестот ќе биде против одлуката за целосно онлајн-настава, бидејќи, како што појаснуваат, Сојузот се залага за комбиниран модел којшто има услови за применување различни локални методи. Според најавата, протестот ќе почне пред Министерството за образование и наука и ќе заврши пред Владата.
„Ги покануваме наставниците и родителите кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да ни се придружат“, повика Сојузот на средношколци.