Страотна сообраќајка на Партизанска, тројца повредени (ФОТО)

Три лица се повредени во сообраќајка во која учествуваа 3 возила „мерцедес“, „хонда“ и „БМВ“, сите со скопски регистарски таблици, се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Сетември“ во Скопје.

Eдно од возилата се забило во металниот столб од семафорот, а други две возила се судриле меѓу себе непосредно пред семафорот.

 

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.