
Индискиот институт за серуми (SII) во вторникот ќе ја започне втората фаза од клиничките испитувања на вакцината против новиот коронавирус, којашто заеднички ја развиваат Универзитетот Оксфорд и британско-шведската фармацевстска компанија „AstraZeneca“, пренесува весникот The Hindu.
Испитувањата ќе бидат спроведени преку партнерството на Индискиот инсtитут за серуми во градот Пуна и претставници лабораториите кои ја прават вакцината, откако било добиено одобрување од индиската Цетрална органзиација за контрола на стандарите на лековите (CDSCO), информирал директорот на SII, Пракаш Кумар Сингх.
„Ние сме убедени во можноста да се направи оваа вакцина против Covid-19 достапна и соодветна на светско ниво за жителите на нашата земја“, рекол Пракаш.
Ипитувањата на ткн Оксфордска вакцина ќе бидат спроведувани од стручњаците на SII врз основоа на податоците од 17 индиски медицински установи во различни региони на земјата. Во истражувањата ќе бидат вклучени 1.600 лица на возраст над 18 години.
Според најновите податоци од вторникот кои ги соопшти индиското министертво за здравство и семејни политики, бројот на заразениет со короанвирусот во Индија надминал 3,16 милиони луѓе, од кои поради копликации предизвикани од инфекцијата починале 58.390 пациенти. Во моментов, на болнички третмани се 704.348 пациенти, додека 2.404.585 лица оздравеле.