Владата за утрe ја одложи денешната седница

Од Владата информираат дека 82-рата редовна седница која беше закажана за денеска се презакажува за утре, 26.08.2020 година (среда), со почеток во 11:00 часот, преку видео-конференциска врска.

За заклучоците од седницата, од Владата најавуваат дека ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.