
Во Словенија во последните 24 часа потврден е нов 21 случај на зараза со коронавирусот, што е за седум повеќе отколку преходниот ден, но со поголем број тестирани.
Тестирани се 1.370 лица на зараза со коронавирусот, од кои 21 примерок бил позитивен, објави словенечката влада во вторникот. Претходниот ден со 543 тестови беа потврдени 14 нови зарази.
Најмногу зарази во последното деноноќие се регистрирани во Љубљана и во местото Велике Лашче, по три случаи, додека другите случаи се распоредени во повеќе општини во замјата.
Меѓу новозаразените се две деца на возраст од пет до 14 години, и три млади лица на возраст од 15 до 24 години.
Во моментов во словенечките болници се хоспитализирани 17 заболени од Covid-19, а ниеден нема на одделите за интензивна нега. Еден пациент во понеделникот бил отпуштен од болница, а не е забележан ниеден смртен случај.
Во Словенија во моментов активни се 414 случаи на коронавирусот, а со тестирањата од почетокот на епидемијата потврдени се 2.686 случаи, од кои починале 133 пациент.