1.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Москва порача дека нема потреба од истрага за Навални

Кремљ денеска објави дека не гледа потреба да се испитаат околностите на опозицискиот политичар Алексеј Навални и дека првичната дијагностика на германската болница, која вели дека е труење, сè уште не е конечна.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја повика Русија да го испита наводното труење на Навални и да ги казни сторителите, откако германските лекари пронајдоа траги од токсична супстанција во неговото тело.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека германската клиника сè уште не дошла до заклучок за супстанцијата која стои зад болеста на Навални. Тој додаде дека не е јасно зошто германските лекари „избрзале“ со употребата на зборот труење.

Но, тој додаде дека доколку се утврди дека навистина е труење, ќе биде покрената истрага.

Навални, долгогодишен остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се разболе во авионот од Сибир кон Москва во четвртокот, откако пиел чај за кој неговите соработници тврдат дека бил отровен. Тој во коматозна состојба , беше префрлен во Германија на лекување во саботата .