
Околу 3.700 Швеѓани се погрешно позитивни на коронавирус поради неквалитет на тестови купени од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје.
„Снабдувачот мора да ги прилагоди својствата што се потребни за да се користи овој тест“, изјави Карин Тегмарк Висел, раководител на одделот за микробиологија.
Овие тестови се извезени во голем број други земји, додаде Тегмарк Висел без да открие повеќе детали.
BGI Genomics, чии две подружници се наоѓаат на американската црна листа на компании вклучени во кршење на човекови права, не биле достапни за коментар.
Во март тие добиле одобрение од американските власти за итни случаи за употреба на нивните тестови, а во мај и од Светската здравствена организација (СЗО).
Шведските лаборатории кои ја оценуваат ефективноста на тестовите ја прилагодиле нивната методологија. Агенцијата не соопшти колку од овие тестови биле користени, но се чини дека бројот не е голем, бидејќи присуството на коронавирус во земјата е многу мало.
Шведска смета дека погрешните резултати влијаат само на статистиката на заразените.
Од избувнувањето на коронавирусот во Шведска, заразени се вкупно 86.891 луѓе, а 5.814 починале.
Бројот на случаи, пациенти на интензивна нега и смртни случаи се намалува во последните неколку недели. Агенцијата следниот вторник ќе ја претстави својата стратегија за олеснување на мерките за јавни настани, како што се фудбалски натпревари.