Лекарите од Омск бараат од германските колеги податоци за наодот кај Навални, НАТО бара истрага

Лекарите од Омск бараат податоци од своите германски колеги кои објавија дека рускиот опозициски блогер Алексеј Навални е веројатно отруен, НАТО побара истрага за околностите за разболувањето на остриот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, додека Кремљ одговори дека Русија е најзаинтересираната да се дознае што навистина се случило со опозиционерот и не гледа причина поради овој случај за натамошно влошување на односите со Западот.

Руските медиуми во средата објавија писмо во кое докторите од болницата специјализирања за акутни труења во Омск во која Алексеј Навални беше хоспитализиран откако му се слошило на летот од Томск за Москва, бараат од колегите од берлинската клиника „Charite“, каде опозиционерот со специјален лет беше пренесен минатиот петок, да им ги достават податоците врз основа на кои заклучиле дека станува збор за труење. Претходно, Москва им понуди на германските лекари да им го достави биоматериајлот од Навални според кој три руски референтни лаборатории не нашле знаци на труење.

Автор на писмото во името на лекарите од Омск кои го лекувале Навални, е главниот лекар во таа болница Алескандар Мураховски. Во дописот тој, исто така, дека при приемот на Навални во нивната болница првата верзија која била разгледувана била токму можноста за интоксинација.

„Сепак, дијагнозата не доби потврда и беше повелчена врз основа на отстустви на карактеристична клиничка слика и поради негативните резултати од лабораториските тестови“, се наведува во дописот.

Во писмото, исто така, се укажува дека намалувањето на нивото на ензимот холинестераза може да биде предизвикано од многу причини: од замање лекови и разни препарати, како и од ендогени причини од различно потекло. Се истакнува дека во болницата во Омск на Навални исто така му бил даван атропин, како и во германската клиника, но во согласност со други медицински индикации.

Претходно во понеделникот берлинската болница „Шарите“, каде по инсистирање на семејството и официјален Берлин беше пренесен Навални, соопшти дека тој веројатно бил отруен. Според нив наодите потекнувале од три различни лаборитарии и била пронајдена супстанција од групата блокатори на холинестераза, која сѐ уште не е идентификивана. Станува збор за супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, скоја се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенси.

 

Столтенберг бара истрага, Кремљ заинтересиран за неа по конечната дијагноза

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така во средата порача дека Москва е многу заинтересирана да се дознаат причините поради кои Навални се разболел, а истовремено генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика на истражување на случајот, тврдејќи дека се „кредибилни“ медицинските наоди според кои во телото на рускиот опозиционер се пронајдени отровни супстанци.

„Немаме причини да се сомневаме во наодите на лекарите во болницата, и сега е потребна транспарентна истрага за тоа што се случило, и кој е одговорен за тоа што се случило“, изјави Столтенберг.

Германија, САД и Западот инсистираат Русија да отвори истрага за околносите кои довеле до разболувањето на Навални, но портапролот на Кремљ и во средата повтори дека и дијагнозата на германските лекари е привремена и не е конечна, поради што и не може да започне истрага.

Песков истакна дека Москва е „категорично против некој да лепи етикети за моменталната состојба, нарекувајќи го труење нешто што сѐ уште не е потврвдено како труење“. „Тој е руски државјанин, кој е во кома и ние би сакале да откриеме што ја предизвикало таа кома“, додаде портпаролот на рускиот претседател.

Одговорајќи на новинарско прашање за можно ново влошување на односите меѓу Русија и Западот, Песков одговори „Прво не би го сакале тоа. Второ, нема причини за такво нешто“,

Ден претходно претседателот на долниот дом на рускиот парламент Думата, Вјачеслав Володин кој најави дека парламентарните комисии ќе отворат истрага за да се утврди дали зад труењето на Навални стојат странски сили кои сакаат да поттикнат тензии со Русија.

Коментирајќи ја оваа изјава, Песков рече дека „кога труењето би било потврдено и сусптанцијата за која станува збор биде дефинитивно идентификувана, тогаш би имало причина да се разгледа кому тоа му е во полза“. „Не сме воопшто помалку заинтересиран од секој друг да дознаеме што довело до комата“, додаде претставникот на Кремљ.

Песков не одговорил на прашањето колку администрацијата на претседателот Путин смета дека е важно да се откријат контактите на Навални, што би можело да доведе до неговата сегашна состојба.

„Попрво прашањето би го препратил до нашите правосудни органи, до истражните институции, кои секако имаат свои процени за целисходноста на одредени дејствија. Во секој случај, тоа не е прерогатив на претседателската администрација“, додаде Песков.