
Скопските пожарникари доцна синоќа интервенирале во населбата Бутел каде на паркинг за камиони биле опожарени четири товарни возила.
На фејсбук страницата, пожарникарите објавија и дека со брзата реакција е спречено палење и на други камиони и приколки.
-Интервенција на паркинг за камиони во н.Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани Камиони и Приколки. Пожарот е под контрола се работи на негово догасување, стои во објавата на Фејсбук напишана по полноќ