Цената на акциите на Фершпед денеска достигна фантастични 182.912 денари или 2.974 евра за акција. Ова е уште еден доказ дека за овој еден месец , откако потпретседателот на Надзорниот одбор на Фершпед, Кираца Трајковска јавно им објави војна на Накови, се води вистинска борба на спротивставените табори, кој повеќе акции ќе купи во компанијата.
Како што веќе објавивме, Штерјо Наков и неговиот син Драган, со помош на уцени и закани во теков на изминатиот викенд се обидувале да убедат пензионирани и поранешни вработени во „Фершпед“ ним да им ги продадат своите акции.
Накови прибегнале кон овие средства во очај поради фактот што нивните ривали во компанијата со неколку трансакции од минатата недела сега поседуваат вкупно 52 отсто од акции, што ги прави мнозински сопственици.Штерјо и синовите пак поседуваат околу 25 отсто од акциите во компанијата
Војната пред Вонредното собрание закажно на 10 јануари се повеќе се разгорува, а обрачот околу семејството Накови се повеќе се стеснува.
По обвинувањата на Трајковска за незаконско работење, со слични ставови излегоа и други акционери.
Во петокот, адвокатот Венцислав Гушев кој го застапува странскиот инвеститор Квест Инвестмент ПЛЦ кои во Фершпед поседуваат 49 акции ги обвини Накови дека преку брокерската куќа „Фершпед Брокер“ со пари на компанијата купувале акции за себе. И како што истакна Гушев, ова е само дел од незаконските работења на Накови, а меѓу другото ги спомена и позајмиците кои никогаш не биле вратени, отпишувањето на долгови и слично.
Еден од поголемите акционери Драгослав Димевски исто така го обвини Штерјо Наков дека сам одлучува за се, како да станува збор за акционерско друштво на едно лице. Тој поднел и кривична пријава за неправилната приватизација, многупати и писмено реагирал на неправилното работење.