Истражување на Истражувачка репортерска лабораторија Македонија
Потрагата по Мевлудин Алити
На сегашната локација каде што се прави нелегалниот објект еден човек ја поседува и фирмата којашто го оперира кафулето “Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана Алити Бајрам Мевлудин Скопје и имотниот лист за објектот. Објектот каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ имотен лист добил пред нешто повеќе од половина година откако Мевлудин Алити поднесува барање за легализација.
Сите институции на Мевлудин Алити му доставуваат покана за разговор во врска со информациите за градењето на неговата парцела служејќи се со адресата во Чаир. Од општина Чаир вели дека без доказ кој е вистинскиот инвеститор, се што можат тие да сторат е да одат на лице место на локацијата каде што се гради за да му врачат решение за инспекциски надзор за рушење на дивоградбата, но велат дека немало кој да го прими. Инспекторите оделе напати, но велат дека не затекнале никој на лице место. Од општината велат дека го исконтактирале сопственикот на „Фонтана“, но тој им кажал дека не го гради новиот објект, па од таа причина решението за рушење се води на непознат сторител. Во меѓувреме од општина Чаир се уште чекаат да заврши вториот тендер за компанија за рушење, за да можат самите да ја отстранат дивоградбата кај Мавровка.
Премислениот инвеститор
ИРЛ телефонски разговараше со сопственикот на некогашното кафуле „Фонтана“ Мевлјудин Алити на кого се води и имотниот лист за објектот.
„Не сакам да зборувам за тоа“ брзо се претвори во „Грешка сте“, за на крај да ни спушти тврдејќи дека не е во Македонија и не може да разговара.
„Не се занимавајте со ова“
За изработката на оваа сторија ИРЛ се користеше со официјални информации и документи од Републичкиот Катастар и Централниот регистар, други документи и брифинзи од надлежните општини и институции, а разговаравме со најмалку 15 лица од институциите и други лица кои што го познаваат инвеститорот. Никој од нив не сакаше да говори јавно и во детали за овој случај поради страв од притисоци и последици по нивните животи и кариери. Репортерите на ИРЛ добија идентични совети од сите луѓе со кои што разговарававме: „Не се занимавајте со ова“.
Прочитајте го целото истражување на ИРЛ.
Фото: ИРЛ.МК
Пишуваат: Сашка Цветковска и Александра Денковска
Графика: Лука Блажев
Дополнително известување: Лила Караташева