Спасовски: Нема потреба од никаква преодна или техничка влада, институциите имаат доволен капацитет

Јавното здравје е заштитиено, економијата е одржана, меѓународните перспективи се остварени, спроведени се фер и демократски избори – преодната влада во заминување во овој речиси деветмесечен мандат успешно одговори на предизивиците со кои беше соочена и отвори пат за новата влада – вака премиерот во заминување Оливер Спасовски ги сумираше резултатите на преодната влада…не ги изостави и членството во НАТО и ЕУ интеграцииите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, денеска одржа прес-конференција, веројатно последна како премиер на Владата, со оглед дека во сабота во собранието е закажана седница на која ќе се бира нова влада предводена од Зоран Заев.

Според техничкиот премиер, нема потреба од никаква преодна или техничка влада, затоа што институциите имаат доволен капацитет да одговорат на потребите на граѓаните.

„Преодната влада во заминување во изминатите девет месеци успешно одговори на специфичните предизвици, и отвори пат за новата влада да продолжи да ја води државата. Во изминатите месеци, Македонија стана членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ. Секој нов ден е нов предизвик за заштита на јавното здравје од пандемијата. На почетоците требаше да се носат брзи одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Секој граѓанин затекнат во странство, имаше можност да се врати дома и покрај затворените граници. Тука е поддршката за граѓаните, за бизнисите, сетот економски мерки, домашни платежни картички и ваучери за домашен туризам“, изјави Спасовски.