Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната 2019 година, е намален за 6,5 oтсто и изнесува 4.596, соопшти во четвртокот Државниот завод за статистика.
Зголемување од 3,0 отсто, пак, има кај бројот на починатите. Во второто тримесечје починале 5.064 лицa, а од нив 51 се доенчиња, или за повеќе од двојно повеќе од претходниот квартал.
Во првото тримесечје од 2020 година, имено, починале 22 доенчиња.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66,5 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1.147 бракови, што делумно се должи и на коронакризата.
Во втриот квартал, според статистичката евиденција, биле разведени 181 брак.