Руското обвинителство вели дека нема знаци на злосторство во случајот на Навални

Канцеларијата на главниот руско обвините во четвртокот објави дека нема знаци дека извершено злосторство врз опозицискиот активист Алексеј Навални кој е хоспитализиран поради можно труење.

Навални, кој итно беше хоспитализиран минатиот четврток во специјалната болница за актутни труење во Омск, откако му се слошило во авионот на летот од Томск за Москва, ден потоа по инсистирање на семејството и Германија беше префрлен на берлинската клинија „Шарите“ каде сѐ уште е во индуцирана кома.

Бирото на главниот обвинител на Русија изјави дека нема основа за покренување истрага по хоспитализирањето на Навални, затоа што сѐ уште нема сигуран потврда на тврдењата за негово наводно труење. Во објавата се додава и дека властете на Германија се согласиле да соработуваат со Москва во овој случај. Не е познато дали тоа подразбира и размена на биоматеријалите од трите наода добиени во германските и трите наода добиени во руските лаборатории, по кои лекарите во двете земји изнесоа спротиставени мислења за присуство на токсични материи во неговото тело.

Западно-сибирското транспорно обвинителство уште на 20-ти август иницирала предистражна проверка од полицијата во врска со хоспитализацијата на Навални во Омск.

Одделот на сибирското Министерството за внатрешни работи претходно направило прелиминарна истрага откако авионот во кој се наоѓаше Навални беше принуден да слета во Сибир откако му се слошило. Тие велат дека извршиле увид во хотелската соба каде Навални престојувал во Томск, ги истражиле рутите по кои се движел во градот и анализирале снимки од надзорните камери од областа. Тврдат дека не откриле никакви лекови или други супстанции.

Според соработничката на Навални, Кира Јармиш, тој само се напил црн чај пред летот во кафетеријата на аеродромот во Томск. Компанијата „S7“ со која летал опозиционерот потврди дека во текот на летот до приземјувањето Навални не консумирал ниту храна, ниту пијалаци. Очевидци од летот изјавија претходно дека 44-годишниот блогер и борец против корупцијата се упатил кон задниот дел од авионот, а набрзо откако се вратил на свеото место се пожалил на голема мачнина.

Кремљ претходно седмицата објави дека е многу заинтересиран да се дознаат околностите кои довеле за состојбата на Навални. Германија, Франција и други земји ја повикаа Русија да спроведе сеопфатна истрага.

Министрите на ЕУ се очекува набрзо да разговараат за состојбата на Навални. Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, изјави дека не разбира зошто Русија не зазела транспарентен пристап во однос на можното труење на Навални.