Кети Пери и Орландо Блум добија ќерка

Орландо Блум и Кејти Пери објавија дека го добија нивното прво дете, додавајќи дека името на ќерката е Дејзи Дав.

„Исполнети сме со љубов по безбедното и здраво доаѓање на нашата ќерка“, изјави двојката.

(Фото: Твитер)

Пери објави дека е бремена во март годинава, покажувајќи го трудничкото стомаче во последните моменти од спотот за нејзиниот сингл „Never Worn White.

Блум веќе има деветгодишен син од бракот со супермоделот Миранда Кер, а со поп пејачката е во врска од 2016 година. Тие се свршија лани на Денот на вљубените.