Во Уганда гром уби десет момченца на фудбалски меч

Гром уби десет момчиња на возраст меѓу 11 и 16 години кои во четвртокот се засолниле од невремето под имровизирано засолниште, соопштија во петокот угандските власти.

„Момчињата играле фудбал кога започнала бурата и грмежите“, изјави портпаролката на полицијата во градот Аруа, северозападно од Кампала.

Покрај тоа, уште четири деца се повредени во оддалечената провинција Западен Нил во близина на границата со Конго.

„Семејствата ги преземаат телата од мртовечницата и ги подготвуваат погребите“, додала.

Сртоносни удари на громови во оваа источноафриканска земја се чести во периодите на сезоната на дождови. Во некои случаи во минатото, децата страдаат додека биле во училници, бидејќи многу училишта во руралните области не се опремени со громобрани.

ронавирус.