Во Хрватска 262 нови случаи на коронавирус

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, како што најави вчера, новите податоци за состојбата со корона вирусот ги објави во 10 часот, а во ова деноноќие регистрита 262 нови случаи.

Активни се 2.727, од кои 229 пациенти се во болница, а 13 на респиратор.

Почина еден пациент.

Вкупно во Хрватска со крона вирус се заразиле 10.123 лица, од кои 184 починаа, а 7.212 оздравеа. Во самоизолација се 8.879 лица.
До денеска тестрани се 166.638 лица, од нив од вчера од 12.15 часот до денеска до 7.45 часот спроведени се 922 тестирања.

Веројатно денешната бројка е помала, затоа што не поминале 24 часа, со оглед на сменетото време на објавување на податоците.