
Кинеските трупи извршија „провокативни раздвижувања“ со цел да се промени статус-кво ситуацијата во пограничната област со Индија, но индиските војници ги спречија овие активности, соопшти во понеделникот индиското министерство за одбрана.
Индицентот се случил предтходната ноќ, а бројот на настраданите не се соопштува. Индиското министерство наведува дека за разрешување на ситуацијата на индиската страна од гранцита во боласта Чушул-Молдо трае средбата на ниво на бригандни командантни.
„Ноќта од 29-ти кон 30-ти август, трупите на Народоослободителната армија на Кина го нарушија претходниот консензус постигнат во текот на воените и дипломатски преговори за актуелната конфронтација во Источен Ладак, и изведоа провокативни раздвижувања со цел да се промени статус-квото“, се наведува во соопштението на индиското министерство за одбрана.
Се додава дека индиските сили ги спречиле овие активности на кинеските трупи на јужниот брег на езерото Панонг-Цо, како и дека биле зајакнати индиските позиции за да се спречат „кинеските намери еднострано да се промени ситуацијата на теренот“.
„Индиската армија е посветена на одржување на мирот и спокојството преку дијалог, но исто така е решена да го брани својот територијален итнегритет“, се додава во објавата на Њу Делхи.
Од Пекинг, пак, кусо возвратија дека кинеските погранични сили не ја преминале линијата на фактичката контрола на теренот. Кинеската страна не даде други поединости за инцидентот, ниту за евентуални настрадани.
Ситуацијата на индиско-кинеската граница во областа на сојузната територија Ладак се заостри на почетокот од мај по серијата конфликти меѓу војските на двете земји во регионот на горското езерто Пангонг-Цо, а ескалираше по судирите во кои беа вклучени околу 250 кинески и индиски војници. Повеќе од 100 луѓе беа поврдени на двете страни. Потоа Индија и Кина го зголемија своето воено присуство на линијата на фактичката контрола, која ја заменува меѓудржавната граница во Ладак.
Новата ескалација на тензиите се случи ноќта кон 16-ти јуни, кога во областа на реката Галван во Ладак избувнаа нови судири меѓу индиските и кинеските војници. Според индиската армија, во овој судир не било користено огнено оружје, туку стапови и камења. Најмалку 20 индиски војници загинале, а 76 беа повредени. Пекинг досега не ги објави загубите на своја страна во овој судир, но индиската војска тврдеше дека биле убиени или повредени околу 45 кинески војници.
Потоа за деескалација на ситуацијата, двете страни одржаа неколку рунди преговори по кои трупите на двете земји е повлекоа од позициите што практично ги окупираа пред конфликтот, но и покрај тоа спорадичните конфликти и натаму продолжуваат.