
Државната изборна комисија на денешната седница и издаде уверение за пратеник на Емијлија Рамбабова од Коалицијата „Можеме“ од Изборна единица 3, која доаѓа на местото на Јагода Шахпаска, новоименувана министерка за труд и социјална политика.
На Шахпаска од Коалицијата „Можеме“ и престана пратеничкиот мандат со изборот на министер во новата Влада.
Таа ја презеде функцијата од заменик-министерот Ѓонул Бајрактар, кој ја вршеше оваа должност, поради испразнетото министерско место.