Во САД бројот на заразени со коронавирусот надмина 6 милиони

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД надмина шест милиони од почетокот на пандемијата, објави денес Универзитетот Џонс Хопкинс, кој го следи движењето на епидемијата користејќи ги и официјалните податоци и извештаите во медиумите, пишува Танјуг.

Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, ги објавил денешните податоци, досега потврди 6.194.854 случаи на корона, пренесува Гардијан.

Соединетите држави се најпогодена земја во светот според бројот на заразени, со скоро два милиони случаи повеќе од Бразил, кој е на второто место.