Луис Суарез сака како слободен играч да мине во Јувентус

Триесет и тригодишниот уругвајски напаѓач Луис Суарез судејќи според сѐ кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот италијански клуб, со кој наводно веќе ги договорил условите за преминување, пишуваат во средата италијанските медиуми повикувајќи се на извори од Јувентус.

Суарез во шесте години во дресот на Барселона постигна 198 погодоци и даде значителен придонес во освојувањето на десетината титули, но новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман, веднаш по пристигнувањето во телефонски разговор од една минута му соопшти дека веќе не смета на него и му порача да си побара нов клуб/

Меѓутоа, проблемот е што Суарез со Барса има договор кој истекува во јуни следната година. Поради тоа Уругваецот сака да го откупи преостанатиот дел од договорот за во Јувентус да мине како слободен играч без отштета. Преговорите со каталонскиот великан сѐ уште траат, но Суарез смета дека ќе успее да се договори.