
Автомобил во рускиот град Астрахан пропаднал во земја среде возење по една од најфреквентните улици во градот.
Возачот на Лада Ларгус возел кон работа кога неговиот автомобил бил буквално проголтан, а тој успеал на време да излезе од возилото.
Полицијата наскоро ја затворила целата улица, а градоначалничката Марија Пермјакова пристигнала на лице место. Експертите кои извршиле увид во дупката изјавиле дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.
Гувернерот на регионот Игор Бабушкин му ветил на сопственикот на возилото дека ќе му ја надомести штетата.