
Многу реновиравме за да ги подобриме услугите во здравствените установи, но дефинитивно иднинината е во нов клинички центар. Постапката започна и ние прекинавме поради изборниот процес, сега треба да продолжи. Концептот е тој да биде во четири блока, а верувам едниот блок да биде готов во наредните четири години и дел од клиниките да се преселат и да започнат со работа, рече министерот за здравство, Венко Филипче на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
-Ќе започне со работа едниот блок кога ќе е готов, а потоа како ќе се готови другите блокови и за тоа имаме план и истите ќе се отвораат. Прво би се селеле хируршките, каде има операциони сали и интензивна нега, тоа е приоритет, кажа Филипче.
Сепак тој вели дека „сѐ уште се работи на модел на финансирање, проценката е дека ќе чини 450 милиони евра“.
Филипче укажа дека тоа ќе биде инјекција за економијата и додаде дека завршени се работите во општина Ѓорче Петров кои се потребни за новиот клинички.