
Германската полиција открила тела на пет деца, меѓу една и осум години, во зграда во западниот град Солинген, извасти весникот Focus на својот портал цитирајќи го полицискиот портпарол.
Најтиражниот германски весник Bild, исто така, објави фотогрфии на три возила на брзата медицинска помош пред една зграда.
Телата се пронајдени во приватен дом во станбена зграда, изјави полицискиот портпарол во блискиот град Вупертал. Солинген е град близу Диселдорф.
Засега не е јасно кој ги пронашол телата. Нема ниту поединости за прочините за смртта, ниту за потенцијално осомничени.
Магазинот Focus, повикувајќи на неофицијални извори пишува дека „постојат многу индиции“ дека извршител на злосторството е мајката на децата. Се додава дека децата се на возраст од: една, две, три, шест и осум години.
Агенцијата DPA и весникот Bild наведуваат дека мајката истрчала на блиската магистрала, каде била удерна но преживеала и е во сериозна состојба. Истите извори наведуваат дека уште едно дете од истото семејство, на 11 години, е со неговата баба. Новинската агенција, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека мајката го сторила делото.
Во извештајот на Bild се наведува дека бабата ја алармирала полицијата дека нејзината 27-годишна ќерка убила пет од нејзините деца и дека излегла со уште едното дете за да се самоубие.
Репортерот на локалната новинска агенција NonstopNews, повикувајќи се на полицијата, извести дека медицинскиот екипи безуспешно се обидувале да ги реанимираат децата.