
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болница откако беше позитивен на тестот за коронавирус, потврди во петокот неговата колешка од партијата Форца Италија, Лисија Ронзули.
-Берлускони ја помина ноќта во болница. По утрото кое започна малку лошо, тој сега е добро, тој ја помина ноќта добро. Ова е превентивна хоспитализација потребна за следење на напредокот на Ковид-19, рече Рунзили.
Дека Берлускони е позитивен на Ковид-19 беше соопштено во средата од неговиот личен лекар, Алберто Зангрлио. Тогаш беше кажано дека тој е асимптоматичен, дека се наоѓа во својата вила во Милано о дека ќе остане 14 дена во карантин.
Берлускони беше премиер на Италија помеѓу 1994 и 1995 година, 2001 и 2006 година и 2008 и 2011 година. Од 2019 година, тој е член на Европскиот парламент, претставувајќи ја Северо-западна Италија.