Родителите на децата кои од 9 септември треба да одат во градинка, треба да пополнат изјава доколку сакаат нивното да биде примено во градинката на споменатиот датум.
Во документот во една од точките со кои треба да се согласат родителите е дека градинката не може да даде гаранција дека нивните децата нема да заболат од КОВИД-19.
Родителите со право прашуваат дали властите навистина обезбедија услови за нивните деца безбедно да почнат во градинка и ако се обезбедени таквите услови, која е потребата од ваква изјава која родителите се принудени да ја потпишат бидејќи нема кој да им ги чува децата, а тие треба да одат на работа.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека градинките ќе се отвораат без притоа да се направат тестирања за корона вирус на вработените. Што ако некој од вработените е асимптоматски носител на вирусот? Тој може да ги зарази и вработените и децата. Затоа, и медицинските лица велат дека само со скрининг на вработените би се елеминирала опасноста од заразување и ширење на вирусот.
Ова пак ги револтра родителите бидејќи тие при запишување на децата мора да приложат потврда од педијатар дека детето е здраво.
-Зошто се малтретираат родителите да бараат потврди од работа дека мора да одат, им се бараат потврди дека децата им се здрави, а надлежните направија во мај еден скриниг на вработените во градинките непотребно. Сега кога се стартува со работа не се бара доказ дека вработениот е здрав, но се бара за децата. И дополнително се бара изјава да потпишат родителите дека градинките не гарантираат за здравјето на децата, односно дека нема да се заболат од КОВИД – 19, вели еден родител.