До крајаот на годинава во САД би можеле да забелажат до 410.000 починати како последица од зараза со новиот коронавирус, што е двојно повеќе од моменталниот број смртни исходи, а во декември во земјата би можело да умираат до 3.000 лица дневно, објави во петокот американскиот Институт за процени во здравството (IHME) при Универзитетот Вашингтон.
„Очекуваме дека дневната стапка на смртноста во САД, поради промената на времето и опуштањето на јавноста, би можела да достигне околу 3.000 мртви дневно во декември“, објави овој независен истражувачки центар во својата ажурирана прогноза. Во моментов во САД се регистрираат по околу 850 смртни исходи од Covid-19 на дневно ниво.
„До први јануари се очекуваат 410.000 мртви, односно 225.000 мртви од овој момент до крајот на годината“, се наведува во извештајот на IHME.
Во претходниот извештај овој институт прогнозираше 317.697 починати до први декември.
Според процените на IHME, бројот на починатите од коронавирусот во светот би можел за трипати да се зголеми на 2,8 милиони до први јануари 2021 година.
САД, третата најнаселена земја во светот, е водечка со над 186.000 починати и 6,1 милиои заразени од коронавирусот.
Претходните прогнози на институтот беа спротивни со изјавите на претседателот Доналд Трамп и повеќето експерти во светот, вклучително и од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека коронавирусот ќе забави. Бројот на смртните случаи ги надмина и некои прогнози на IHME кои редовно се ажурираат.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) објавува прогнози за само четири седмици однапред. Според последната прогноза до 26-ти септември ќе починат меѓу 200.000 и 211.000 луѓе.
Починати би можело да има до 30 отсто помалку кога повеќе Американци би носеле маски според препораките на епидемиолозите, наведе IHME.
„Поголемото носење маски, на новото како што е во Сингапур, би можело да го намали кумулативниот број смртни случаи на 288.000, односно би се спасиле 122.000 животи во однос на референтното сценариот“, се додава во извештајот на IHME.
„Користењето маски продолжува да опаѓа од пикот на носењето на почетокот од август. Падот е забележлив на Средниот запад, вклучително и во сојузните држави Илиноис и Ајова, кој бележат раст на случаите“, се наведува во извештајот.
Иако бројот на коронаинфекциите во САД падна од околу 70.000 на околу 45.000 дневно, Covid-10 стана втората најчеста причина за смрт во САД. Повеќе умираат само од срцеви удари, наведува IHME.