Жерар Депардје го прими православието

Славниот француски актер Жерар Депардје го примил православието, а церемонијата на крштевањето се одржала во петокот во храмот на свети Александар Невски во историското јадро на Париз.

Од храмот во саботата ја потврдиле информацијата. Одговориле само дека церемонијата се случила во петокот вечерта, но други поединости не сакале да откриваат. Освен дека на чинот на кршевањето присуствувале блиски пријатели на Депардје.

Од црквата, исто така, не сакале да откријат и кое име го земал Депардје при крштевањето. „Тоа беше неочекуван, но многу пријатен настан“, соопштиле.

Седумдесет и едногодошниот актер кој важи за „немирното дете“ на француската кинематографија познат по многуте скандали и инциденти и боемскиот живот, во кариерата сними околу 200 филмови. За своите улоги освои грст престижни награди, како Златен глобус, и беше лауреат на Венецискиот и Московскиот меѓународен филмски фестивал.

Откако пред осум година поради идеолошки несогласување со полтиките на тогашниот социјалистички претседате Франсоа Оланд ја напушти родната Франција, во 2013 година се насесели во Русија каде што доби државјанство.