Дака главен руски играч во Црна Гора, во Македонија изведувачи Заев и Теута Арифи

Контроверзнот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ станува повторно актуелен по пораламетарните избори во Црна Гора на кои победи опозицијата

Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен про-руски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада. 
Здравко Кривокапиќ, најверојатно идниот премиер е формален лидер на широката ултрадесна, некои ја нарекува „Вучиќ“, други, пак, „Амфилохие коалиција“, која на изборите настапи под името „За иднина на Црна Гора“. Вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, за кого и самиот Кривокапиќ вели дека е најзаслужен за влез во политиката, пишува Ал Џезира балканс.

Ал Џезира Балканс во својата анализа вели дека рбетот и главата на црквената коалиција е Дака Давидовиќ. Тој е човек кој бил воен министер на Караџиќ во Српската автономна област Херцеговина во време на војната во Босна и Херцеговина и кој со најголемо гадење зборувал за Европската Унија и европската цивилизација, се вели во анализата.
 
И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора.
Главен финансиер, според Радониќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.
Српскиот портал republika.rs тврди дека западните странски служби овој контроверзен бизнисмен го квалификуваат како соработник на руските служби.
www.youtube.com/watch?v=S_EZSYGZLEs&feature=emb_title