Најмалку 24 загинати во експлозија во џамија во Бангладеш

Бројот на загинатите во експлизијата во џамија во близина на главниот град Дака достигна 24 откако во неделата починале во болница уште четири лица, а властите започнаа истрага за која велат дека сестанува збор за „несреќа“.

Експлозијата се случила во петокот вечерта кога муслиманските верници ги завршувале своите вечерни молитви во џамијата Баитус Салат Џаме Масџид во округот Нарајанган, околу 25 километри јужно од Дака.

Најмалку 40 лица со сериозни повреди се пренесени во државниот институт специјализиран за изгореници и пластични операции во Дака. Во болницата останале 13 лица, кои се во критична состојба.

Противпожарната служба и одделот за цивилна запштита, чии припадници го гаснеле пожарот и ги спасувале настраданите, изјавиле дека можно е истекување на гас да ја предизвикало експлозијата.

„Во прв ред, се сомневаме дека се насобрал гас под џамијата што можеби ја предизвикала експлозијата“, изјавил претставникот на пожарникарите Абдула ал-Арефин.

Додал дека шест клима-уреди експлодирале во џамијата, и оти започната е истрагата за да се утврдат причините за несреќата. На местото на инцидентот е упатена и полициска единица задолжена за деактивирање експлозивни направи која треба да го испита карактерот на експлозијата.