Скопје ги остава евроатлантските заложби за на телевизија, а отвора простор за југословенско – мафијашкиот бизнис

Скопје го избира за свој ментор духот на Белград од времето на Слободан Милошевиќ
Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот коалиционен партнер од ДУИ Али Ахмети по брза постапка овозможија огромна инвестиција на Миодраг Дака Давидовиќ, кој е основен инструмент на српскиот национализам во регионот и моќен спонзо на антиевропските и анти НАТО проекти на Балканот, известува БГНЕС.

Веќе неколку месеци наназад во Македонија се шират видеозаписи, од кои јасно се гледа дека Дака добива поддршка од бизнис партнерите на Заев и Ахмети. Во видеозаписите Миодраг Дака Давидовиќ зборува дека дал поткуп од неколку стотина илјади евра, и дава ветување за поткуп од неколку милиони евра. За помалку од една недела во текот на месец февруари, тој ги добива сите документи, за да изгради таканаречена градска џунгла, во центарот на Тетово, со површина од 230 илјади километри квадратни. Целата инвестиција треба да му донесе профит од 200 милиони евра.

Дака – националист и агент на српското влијание и служби

Миодраг Дака Давидовиќ е поранешен агент на Државната безбедност, во време додека Србија и Црна Гора се уште беа во една држава. Во почетокот на 90 – тите години од минатиот век, кога Југославија се растура како последица на српскиот шовинизам, Дака го стекнува првиот голем капитал, кршејќи го ембаргото и „тргувајќи“ со нафта и акцизна стока. Заедно со Браќата Карич тој е еден од најблиските до Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ, која умре минатата година во Москва, додека се криеше од органите на прогонот.
За време на војната во БИХ 1992 – 1995 година, Дака е избран и за министер во марионетската српска влада во Пале, кое е одговорно за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства.

Паралелно со политичката кариера, тој ги става темелите и на неговата бизнис империја, за што му помага блискоста со Слободан Милошевиќ и неговиот политички сојузник во Црна Гора Миомир Булатовиќ, чиј кум е Миодраг Давидовиќ. Врз него при крајот на минатата година беше извршен обид за атентат во хотелот, каде пред 20 години беше убиен Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој беше главен водач на паравоените одреди во Босна, Хрватска и Косово, кои се одговорни за многу воени злосторства.
Дака отворено се спротивставува на независноста на Црна Гора, на црногорската идентитетска посебност и самостојност на црквата. Тој тврди дека е благословен од српскиот патријарх Иринеј и српските светци Свети Сава и Свети Василиј. Бизнисменот ги смета дека ЕУ и НАТО за слуги на ѓаволот среде православието. СПЦ е определена како најважна институција која врши влијание врз соседните православни народи, најмногу врз македонците и црногорците.

Бранко Героски: Дака финансира антиевропско влијание на Балканот

Исклучително сомнително е тоа што на 31 август оваа година, само еден ден по формирањето на старо новата влада на Зоран Заев, Општина Тетово го гласа нов ГУП ( градежен урбанистички план), кој дозволува да се изгради комплекс од околу 2000 апартмани. Таа огромна инвестиција ќе биде преземена од контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, и ќе му дозволи да реализира огромен профит, изјави за БГНЕС Бранко Героски, долгогодишен новинар и главен уредник на порталот „Плусинфо“. Тој потсетува дека пред изборите македонското општество е информирано за две значајни работи.

– Прво сите ги слушнавме незаконско снимените разговори, од кои јасно се слуша како една од највлијателните фигури на македонското бизнис подземје, Зоран Милевски Кичеец и Дака договараат лобирање, за да ги отстранат пречките за реализирање на таа инвестиција. Од тоа видео слушнавме дека Дака имал контакт со поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, човек, близок до Заев, но и со самиот Заев. Дака отворено зборува дека дал поткуп од 300.000 евра, за да ја заврши зделката, вели Героски.

– Второ сите слушнавме за минатото на бизнисменот Давидовиќ, т.е. за фактот дека тој е еден од основните финансиери на антиевропските и анти НАТО организации на Балканот. Името му се поврзува со најекстремни групи и индивидуи во Србија, Црна Гора и БИХ, кажува Героски.

– Навистина е загрижувачки, што владата на Зоран Заев, која што се прокламира за прозападна и проевропска во секој смисол и управува држава членка на НАТО, одлучила да соработува со магнат од таква провиниенција, алармира Героски и додава дека за него тоа сепак не е големо изненадување, особено што Белградската линија на влијание беше многу силна во аферата „Рекет“, за кој тој пишувал скоро две години.

– Многу личности од македонската јавна сцена беа опфатени во таа корупциска афера, но врската со Белград остана длабоко скриена од судската власта и очите и ушите на јавноста. За жал, немав и се уште немам доволно сериозни докази, за да ја објавам јавно таа врска, вели Героски.

– Без разлика на фактот дека Македонија веќе е членка на НАТО и веројатно наскоро ќе започне преговори со ЕУ, факт