
Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок – независноста на државата. Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста- стои во честитката на Заев.