За власта нема потреба од теститење на Covid-19 на наставниот кадар

Повеќе од 1.500 наставници низ Косово ќе бидат тестирани за коронавирусот пред да започне учебната година на 14-ти септември, објави министерот за образование и наука во Владата на Косово, Рами Ликај, а истовремено во Македонија старо-новите власти сметаат дека за тоа в

„Ние добивме информација дека 1.500 наставници ќе бидат тестирани на Косово, што е над 6,5 проценти од вкупниот број наставници, со цел да се знае состојбата на инфекцијата или состојбата во која влегуваме во новата учебна година. Тестирањето започна,„ пренесува Алсат телевизија.

Министерот Ликај и претседателот на Обединетиот синдикат за образование, наука и култура, Рахман Јашари ја повторија одлуката дека новата учебна 2020/2021 година, во време на пандемија, ќе започне на 14-ти септември, со почитување на препораките за здравствените установи за заштита од респираторната болест Covid-19, предизвикана од новиот коронавирус.

За разлика од Косово, кај нас утре се се отвараат градинките, а при тоа нема да се направат тестирања за коронавирусот на лицата кои треба да се грижат за намалите дечиња.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена рече дека во Македонија нема да се прави скрининг на вработените во градинките и училиштата. Но, кога се најавуваше дека градинките ќе почнат со работа во јуни месец, во мај се спроведуваше масовен скрининг на вработените во овие институции низ целата држава.

За разлика од тогаш, сега на стартот на почетокот на учебнаат година кога градинките и училиштата треба да ги отворат вратите за да ги примат децата, на власта смета дека нема потреба од тестирање на вработените, како потенцијални носители на вирусот SARS-CoV-2.